Преведувачки и толкувачки услуги
Професионални преведувачки и толкувачки услуги од овластени судски преведувачи со долгогодишно искуство.
Овластени судски преводи
Во рамките на нашиот Едукативен Центар работи тим на овластени судски преведувачи со долгогодишно искуство. Судските преводи се потребни кога преводот на одреден документ треба да биде официјализиран.
Овластениот судски преведувач го преведува потребниот документ на барање на суд, државно тело, правно или физичко лице и при тоа врши заверка со својот печат и потпис со што гарантира за точноста и веродостојноста на извршениот превод.
Примери за документи на кои им е потребен судски превод:
- Изводи од матична книга на родени
- Изводи од матична книга на венчани
- Дипломи / уверенија
- Свидетелства
- Договори и статути
- Решенија и дозволи
- Лекарски уверенија / извештаи
- Изјави и полномошна
Стручни писмени преводи
Тимот на Next Level има повеќегодишно искуство во областа на преведувањето на сложени и обемни преводи од македонски на странски јазици и обратно.
Веб страни, магистерски и докторски трудови, презентации, книги, брошури, прирачници, декларации на производи и повеќе.
Специјализирани сме за преводи од областа на правото, економијата, финансиите, маркетингот, медицината, фармацевтската дејност, техниката, ИТ, инженерството, телекомуникациите и науката.
Толкувачки услуги
Професионални толкувачки услуги за конференции, состаноци, судски постапки и повеќе.
Симултано толкување
Толкување во моментот додека говорникот зборува. Се користи за големи конференции и состаноци, со специјализирана кабина и опрема.
Консекутивно толкување
Толкување лице-в-лице за деловни состаноци, преговори, технички семинари и работилници. Толкувачот ја пренесува пораката по секој сегмент.
Толкување со шепотење
Толкувачот седи до мала група (до 3 лица) и го шепоти преводот истовремено. Идеално за билатерални состаноци.
Толкување од судски преведувач
Присуство на овластен судски преведувач при потпишување договори, нотарски акти и судски постапки каде едната страна не зборува македонски.
Други услуги
Дијагностичко тестирање
Проценка на јазичното ниво согласно со Европската Јазична Рамка за да бидете сместени во соодветна група или програма.
Сертификати за познавање на јазици
Издаваме сертификати за активно познавање на странски јазици по претходно извршено дијагностичко тестирање. Може да послужат за вработување, постдипломски студии и повеќе.
ePass сертификат за компјутерски вештини
Како официјален партнер на ePass, нудиме сертификати за основни компјутерски вештини и канцелариско работење, задолжителни за јавна администрација.
Апликации за виза
Изготвуваме апликации за лотарија на САД, туристички и иселенички визи за САД, Обединетото Кралство и други земји, со комплетна документација.
Доверливост
Сите работни задачи во Next Level се третираат со високо ниво на доверливост. Во договор со нашите вработени, преведувачи и толкувачи, сите информации се третираат како строго доверливи и не смеат да бидат обелоденети на трета страна без јасна, писмена согласност.
Ви треба превод или толкување?
Контактирајте нѐ за бесплатна понуда. Нашиот тим на овластени преведувачи е подготвен да ви помогне со вашиот проект.
Побарајте бесплатна понуда