Next Level едукативен центар за јазици
Лидер во современото образование кој нуди широка палета на стандардни и специјализирани курсеви по странски јазици по сите нивоа и за секоја возраст, во согласност со стандардите на Европската Јазична Рамка.
Нашата приказна
Основан во 2007 година, Едукативниот центар Next Level создава средина во која учењето странски јазици е квалитетно, современо и инспиративно. Нудиме широка палета курсеви по странски јазици, наменети за сите возрасти и нивоа на познавање.
Веруваме дека учењето јазик е динамичен и интерактивен процес во кој секој ученик активно учествува уште од првиот час, без оглед на претходното знаење. Затоа, нашата настава се темели на комуникативен и персонализиран пристап, со фокус на практична примена на јазикот и развивање самодоверба во комуникацијата.
Посветени сме на континуирано унапредување на стандардите во јазичното образование и обезбедување висококвалитетна настава со современи методи, наставни материјали и технологија.
Нашиот центар се наоѓа во срцето на Кавадарци, во модерни и целосно опремени простории, создадени да овозможат пријатна, мотивирачка и професионална средина за учење.

Нашата мисија
Нашата мисија е да создаваме самоуверени и успешни говорници на странски јазици, подготвени да комуницираат без граници и да одговорат на предизвиците на современиот свет. Преку модерен комуникативен пристап, персонализирана поддршка и докажан квалитет, создаваме знаење што отвора нови можности.
Нашата визија
Нашата визија е да ги поттикнеме нашите ученици да станат самоуверени и активни граѓани на светот, подготвени успешно да комуницираат во меѓународна средина. Преку современа настава фокусирана на ученикот, создаваме услови за развој на јазични и комуникациски вештини што овозможуваат самостојна, сигурна и ефективна комуникација.
Во што веруваме
Извонредност
Се стремиме кон највисоки стандарди во наставата и резултатите, со 16 квалификувани професори и докажани резултати.
Иновација
Користиме најсовремени наставни методи со интерактивни табли и мултимедијални алатки за подобро искуство при учење.
Заедница
Создаваме атмосфера во која се чувствувате пријатно и почитувано, и во која стекнувате знаење и самодоверба.
Запознајте ги професорите
16 посветени квалификувани професори и преведувачи, страстни да ви помогнат да постигнете флуентност.
















Што велат нашите ученици
Со изучување на германскиот јазик започнав во 2020. Наставата во Next Level е од најсовршен тип, со најсовремени програми и најдобри ментори. Јас имав искуство со професорката Билјана Катмероска која е професионалец во својата работа, посветен ментор и прекрасна личност. Посебно сум благодарен што направи да го засакам германскиот јазик. Ги препорачувам на сите кои што сакаат да изучуваат странски јазици.

Феноменално училиште со феноменални професори! Професорката Анета Орешкова создава инспиративна атмосфера за учење, благодарение на нејзиниот посветен и позитивен начин на одржување на наставата. Нејзината достапност за прашања и ведра природа значат многу за мене и останатите ученици, поттикнувајќи нѐ да се чувствуваме удобно и мотивирано при учењето.
Посетувам курс по англиски јазик кај проф.Елена Димова веќе две години. Next level е училиште каде се работи напорно, се вложува во самите ученици, каде што има добра организација. Затоа и јас се вложувам и знам дека ќе успеам да го совладам перфектно јазикот и да ги усовршам моите комуникациски вештини на англиски јазик. Ако сакате да научите, Next Level е местото каде што ќе успеете!!!

Нашиот едукативен центар
Модерен простор за учење дизајниран за ваша удобност и успех.



Посетете нѐ во Кавадарци
Повелете во нашите простории за бесплатна консултација и тест за ниво на ул. Пано Мударов 12.
